World News in Macedonian

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до јануари 2019

Европската унија официјално ги прошири економските санкции кон Русија до 31 јануари 2019 година, кои првично беа воведени по руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистите во источна Украина.


Проширувањето денеска беше финализирано и доаѓа откако лидерите на ЕУ едногласно се согласија да ги продолжат мерките за време на самитот на блокот на 29 јуни.


Мерките првенствено се насочени кон банкарскиот и енергетскиот сектор на Русија.


На самитот на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги информираа колегите од ЕУ за состојбата околу имплементацијата на договорите од Минск, на кои се поврзани санкциите.


Договорите од Минск постигнати во 2014 и 2015 година во белорускиот главен град се со цел решавање на конфликтот и повикуваат на серија мерки за прекин на огнот во источна Украина, но не успеаја да се одржат.

Читайте на сайте