World News in Macedonian

Харадинај го предупреди Тачи дека ќе биде разрешен ако го прекрши Уставот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го предупреди претседателот Хашим Тачи дека може да биде разрешен од функцијата, доколку во преговорите со Србија го прекрши Уставот на Косово.


„Ние имаме Устав и секој што ќе излезе надвор од него значи дека гази врз договорот од Декларацијата за независност“, рече Харадинај како одговор на прашањето за „црвените линии“ во преговорите на Приштина со Белград,


Според него, извештајот за дијалогот со Србија ја претставува реалната состојба. Приоритет за Приштина, како што наведе Тачи, во дијалогот со Белград е спроведувањето на претходно постигнатиот договор за енергетика.




 

Читайте на сайте