World News in Macedonian

Сириските сили ја преземале контролата врз клучен граничен премин

Сириските владини сили поддржани од руската војска ја преземале контролата врз клучниот граничен премин со Јордан откако беше постигнат договор меѓу бунтовниците и руските посредници, јавија медиуми и набљудувачи. Граничниот премин Насиб беше под контрола на бунтовниците три години.


Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон ја потврди веста. Бунтовниците претходно соопштија дека се близу до постигнување договор со Москва околу предавањето на 30 градови во стратешките зони на Сирија кои граничат со Јордан и со Голанската Висорамнина, Сириските сили поддржани од Русија ја започнаа офанзивата во реонот пред две недели.




 

Читайте на сайте