World News in Macedonian

Турција отпушти над 18 илјади државни службеници

Турција денеска издаде уредба со која се отпуштени над 18 илјади државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата. 


Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, што беа одржани пред две недели. 


Турските медиуми наведоа дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар.

Читайте на сайте