World News in Macedonian

Спасени шест момчиња од пештерата во Тајланд

Тајландските власти соопштија дека досега се спасени шест момчиња од вкупно 13 луѓе кои беа заглавени во поплавената пештера. Тие беа заробени во пештерата повеќе од две недели.


Спасувачи денеска започнаа со мисија за извлекување на 12 момчиња и на нивниот тренер. Спасувачката операција може да трае од три до четири денови во зависност од времето.


Светските медиуми наведуваат дека спасените момчиња се однесени во болница. Редоследот за спасување го одредиле лекари во пештерата, а прво се извлекуваат најслабите момчиња.


 


 

Читайте на сайте