World News in Macedonian

Спасени уште четири момчиња од пештерата во Тајланд

Четири момчиња се спасени од поплавената пештера, со што вкупниот број на спасени сега е осум, изјави денеска тајландскиот официјален претставник Наронгсак Осотанакорн, кој ја надгледува мисијата за спасување, во вториот ден од опасната операција за спасување на момчињата од младинскиот фудбалски клуб.


12 момчиња на возраст од 11 до 16 години, заедно со нивниот тренер на 23 јуни ја истражуваа пештерата, но беа заглавени од обилни дождови. Четири момчиња бае спасени на 8 јули.


За проблемот и спасувачката операција во Тајланд пристигнаа многу понуди од луѓе кои нудат помош во напорите за спасување. Во мисијата се вклучени повеќе од 1.000 луѓе од 10 земји.


Министерот за внатрешни работи Анупунг Паоинда рече дека спасените момчиња се силни и безбедни, но оти треба да поминат низ понатамошни медицински проверки.

Читайте на сайте