World News in Macedonian

Трамп очекува Иран да одговори на загриженоста на САД за безбедноста

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека очекува повик од иранските власти во иднина со понуда за ублажување на загриженоста на Вашингтон за безбедноста. Тој говорејќи на прес конференција за време на НАТО самитот во Брисел порача дека Техеран ги третира САД сега со поголема почит отколку во минатото.


„Јас знам дека тие имаат многу проблеми и оти нивната економија се урива“, рече Трамп. Според него, во одреден момент Иран ќе го повикаат и ќе побараат да се договорат со САД. Во меѓувреме американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека сојузниците на САД треба да помогнат во спроведувањето на поголем економски притисок врз Иран.

Читайте на сайте