World News in Macedonian

Русија ќе одговори на протерувањето на нејзини дипломати од Грција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека протерувањето на двајца руски дипломати од Грција нема добро да се одрази на односите меѓу двете земји. Таа најави и дека Русија ќе одговори на таквата одлука.


„Тргнуваме од фактот дека билатералните односи имаат сопствена вредност, тоа не се виртуелни односи туку за практична интеракција за доброто на двата народи“, изјави Захарова.


Протерувањето на двајцата руски дипломати од Грција е под образложение дека се мешале во внатрешните работи на земјата.




 

Читайте на сайте