World News in Macedonian

Фетаи бара притвор за Груевски или да го носат со полиција во судница

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, познат и како „Шамари во Центар“, побарала притвор за обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски.


Груевски, кој е првообвинет во овој случај, на судењето доцнел 15 минути, и поради тоа Фетаи побарала „на обвинетиот да му се одреди притвор или да се донесе во Судот со полиција“.


„Според член 380 став 3, треба да биде приведен, ова не е во ред“, рекла Фетаи.


Покрај Груевски, обвинети во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие се обвинети за поттикнување на насилството што се случи пред Општина Центар, за време на протестите во јуни 2013 година.

Читайте на сайте