World News in Macedonian

Владата сака да се прошири со посебно Министерство за дијаспора

Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми најави дека Владата во Националната стратегија што ја изготвува планира отворање Министерство за дијаспора.


„Дијаспората бара да има посебно министерство задолжено за нив. И во Националната стратегија која ја работиме, една од целите етоа да се реализира“, вели Адеми во интервју за МИА.


Тој појаснува дека за да се реализира тоа потребно е да се смени Законот за Влада и дека е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.


„Верувам дека ако тргнеме со таква иницијатива, можеби во Парламентот би имале поддршка и од опозицијата“, вели Адеми. 

Читайте на сайте