World News in Macedonian

Во „Фени” уништено неупотребливо оружје од МВР

Во печките  на „Фени Индустри“ во Кавадарци денеска беше извршено уништување на разновидно неупотребливо и трајно оштетено службено оружје (полуавтоматски, автоматски пушки, пиштоли и друго) коешто досега било складирано и во поранешна употреба во Министерството за внатрешни работи.


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека настанот е придонес кон светскиот ден за борбата против малото и лесно оружје - 9 Јули, и покажува грижа во однос со состојбите со оружјето во Република Македонија. 


" Станува збор за 590 парчиња оружје и тоа пиштоли, автоматски и полуавтоматски пушки, воздушни пушки, пушкомитралези кои биле користени во разни единици на МВР и сега се надвор од употреба", информира Спасовски.


Уништувањето на неупотребливото оружје е направено  во „Фени индустри”,  бидејќи  во другите две фабрики  „Југохром”, „Макстил”  немаат функционални печки.

Читайте на сайте