World News in Macedonian

Убиени авганистански војници во напад на милитанти

Локален претставник од Авганистан изјави дека најмалку 11 војници се убиени за време на напад на милитанти врз контролен пункт во западниот дел на земјата.


Портпаролот на гувернерот на пропвинцијата Фарах, Мохамед Насер Мехри, рече дека четри војници биле ранети во денешна престрелка во областа Бала Булук.


Исто така девет милитанти биле наводно се убиени и 13 повредени. Засега ниту една група не презема одговорност за нападот, но Мехри ги обвинува Талибанците за нападот наведувајќи дека групата скоро ги засилила офанзивните акции во провинцијата.


Во провинцијата Хелманд на југот на земјата, бил убиен полицаец од страна на бомбаш самоубиец во автомобил кој го погодил пунктот истиот ден, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелмонд. 11 други полицајци и војници биле повредени во нападот кој се случил пред главниот град на провинцијата Лашкар гах. Засега ниту една група не презема одговорност за нападот.

Читайте на сайте