World News in Macedonian

Партиски препукувања околу прославата за поканата во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение наведува дека СДСМ и Зоран Заев со вчерашната прослава за поканата на Македонија во НАТО и датумот за преговорите со Европската унија, доживеале „уште еден пораз“ од народот кој се обединил против „калкулантскиот договор“.


„Договор со кој што Зоран Заев ги исполни грчките црвени линии и прифати да го избрише вековното име Република Македонија, идентитетот, нацијата, македонската историја, културата и традицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 


Од СДСМ соопштуваат дека граѓаните се сплотиле околу националните интереси и го прославиле огромниот успех: „покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ“, а оти ВМРО-ДПМНЕ со денови воделе организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата. 


„Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните даваат силна поддршка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ. 

Читайте на сайте