World News in Macedonian

Три милиони евра повеќе во Буџетот на МРТВ

Со ребалансот на Буџетот за Македонската радио-телевизија, кој денеска беше прифатен од собраниската Комисија за транспорт и врски, МРТВ за оваа година ќе добие три милиони евра.


За 2018 година првично беше планирано МРТ да добие 700 милиони денари, а со ребалансот овој износ се зголемува за 186 милиони 550 илјади денари односно вкупниот буџет на МРТ сега ќе биде 886 милиони 550 илјади денари.


Пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека ребалансот се прави врз основа на првичната проекција на средства за оваа година, оти е законски и потенцираа дека дел од средствата се наменети и за сервисирање на стари долгови на МРТ.

Читайте на сайте