World News in Macedonian

Прием на ДУИ по повод поканата од НАТО за Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска организираше прием по повод поканата за Македонија за влез во НАТО, од каде испрати и видео порака.


„Доаѓам од народот, од тие што преврзуваа рани, од тие што вадеа куршуми од телото. НАТО е еден од најважните столбови за имплементирање и спроведување на Рамковниот договор. Алијаната е гаранција за стабилност во регионот“, изјави Ахмети во видео пораката од примеот.


На приемот беа присутни сите високи функционери и пратеници од ДУИ, верски поглавари, бизнисмени и​ амбасадори и дипломати од повеќе земји, меѓу кои и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Читайте на сайте