World News in Macedonian

Трамп изјави дека Црногорците се "многу агресивни"

Во интервју за Фок Њуз  телевизијата снимено во Хелсинки и емитувано  вчера во САД, Трамп беше запрашан за член 5 на НАТО, во кој се вели дека нападот врз една  членка  на сојузот е напад врз сите членови.


На прашање на модераторот на американската телевизјата „Зошто мојот син да оди во Црна Гора да ја брани од напад? Зошто е тоа така?“ Трамп одговори „Разбирам што ми кажувате. И јас се прашувам истото“


 Трамп во интервјуто вели  дека Црна Гора е „мала земја со многу силен народ...“


Потоа тој  продолжи со оценка дека народот во Црна Гора е агресивен сугерирајќи дека тие би можело да предизвикаат  и Трета светска војна.


„Не, видете, тие се многу силен народ. Тие се многу агресивен народ. Тие би можеле да станат агресивни и честитки, ќе се најдеме во Трета светска војна. Го разбирам тоа, но така сето е така устроено“, рече Трамп.

Читайте на сайте