World News in Macedonian

Косово ги исполни условите за безвизен режим со ЕУ

Европската комисија потврди денеска дека Косово ги исполнило и последните две барања за укинување на визите за Европската унија.


Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го повика Европскиот парламент и Советот на ЕУ да донесат одлука за укинување на европските визи за косовските граѓани.


Според него, ќе биде неопходно пред укинувањето на визите граѓаните на Косово добро да бидат запознати со правата и обврските за безвизно патување во ЕУ.


На заедничка прес конференција Аврамопулос и претседателот на Косово, Хашим Тачи изјавија дека до косовските власти не е упатена молба за отворање миграциски центар на ЕУ

Читайте на сайте