World News in Macedonian

ЕУ ја проширува листата на санкционирани руски поединци

Амбасадорите на Европската унија одлучија да додадат шест руски субјекти на листата за замрзнување на имот и  забраната за визи, поради  вклученост во неодамнешното изгрдување на мостот Керч, што ги поврзува копнените делови на јужна Русија со полуостровот Крим. Според ЕУ, изградбата на мостот придонесува  за дестабилизација на територијалниот интегритет на Украина.


Официјалните претставници на ЕУ кои сакаат да останата анононимни за  Радио Слободна Европа велат дека се очекува формална одлука за додавање на шесте лица на листата со санкции во наредните денови. Во моментов, листата за санкции ги содржи имињата на 155 лица од Русија и 38 лица од Украина. Мостот Керч  беше отворен за автомобили и автобуси во мај, а содржи автопат со четири ленти и две линии на железнички пруги кои сеуште се во изградба.

Читайте на сайте