„Кон Исток“ - шареноликата музичка приказна на Арифовска и Георгиевски
Десет композиции, осум песни и две ора, се забележани на заедничкиот албум „Кон Исток - Од македонското поднебје“ на виртуозната изведувачка на народни инструменти Бајса Арифовска и пејачот Душко Георгиевски. Ова остварување, патем промовирано на актуелното „Скопско лето“, на инспиративен начин се бави со спецификите на источномакедонскиот музички дијалект.