World News in Macedonian

Тужбата за клевета на Мијалков за Макрадули падна пред Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија.


Како што соопшти Министерството за правда, две од четирите апликации, беа поднесени од Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во која Судот констатира повреда на правото на слободата на изразување.


Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета.


„Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули, значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно повреда на неговата слобода на изразување“, соопшти  македонското Министерство за правда.

 

Читайте на сайте