World News in Macedonian

Комисијата за европски прашања ја отвори расправата за Изборниот законик

Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја започна седницата на која единствена точка на дневен ред беа измените на Изборниот законик по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ доставила над 400 амандмани за законот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ процедурално побараа седницата да се прекине, а точката да се тргне од дневниот ред, бидејќи како што посочија, не постојат деловнички услови таа да продолжи.


Илија Димовски нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено одреден број амандмани кои што не се архивирани од собраниската служба, а не им се доставени на претседателот на Комисијата, на нејзините членови и на претставниците на Владата за да може да се изјаснат по нив, ниту пак се преведени на албански јазик.


Претседателот на Комисијата Артан Груби одговори дека бил постигнат договор и за седницата биле известени координаторот и заменик координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев и Горан Цуклев. Таквите тврдења на Груби ги отфрли Цуклев.


Потоа Груби го стави на гласање дневениот ред кој доби подршка од осум членови на Комисијата. Седницата беше затворена веднаш со укажување од Груби дека дебатата ќе продолжи согласно собранискиот Деловник.  Груби и додаде дека седницата дополнително ќе ја закаже откако ќе бидат преведени амандманите. 

Читайте на сайте