World News in Macedonian

Пахор нема да предложи нов мандатар, потребни се нови консултации

Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека в понеделник официјално ќе го информира Парламентот дека засега нема никого да предложи за мандатар за состав на новата влада на Словенија, но и дека ќе иницира нова рунда консултации за формирање парламентарно мнозинство.


Кабинетот на Пахор соопшти дека двајцата потенцијални кандидати за мандатар Јанез Јанша и Марјан Шарец го информирале оти го немаат потребното мнозинство во Парламентот за да формираат Влада, па затоа шефот на државата ќе иницира уште еден круг консултации со парламентарните партии. 


„Пахор и официјално ќе го информира Парламентот дека за сега нема никого да предложи за мандатар и дека е потребен нов круг консултации околу можното решение и утврдувањето на потенцијалниот кандидат“, се наведува во соопштението на Кабинетот на словенечкиот претседател.

 

Читайте на сайте