World News in Macedonian

17 загинати во потонување на туристички брод во САД

Во несреќата на туристичкиот брод кој се преврте во невреме во САД загинаа 17 луѓе, соопштија властите. Ова е новиот биланс на жртви откако нуркачите денеска ги пронајдоа телата на последните четири исчезнати лица. Бродот синоќа се преврте и потона во езеро во сојузната држава Мисури. На бродот имало 31 лице, а од преживеаните 14, седум се повредени. Во време на несреќата, ветрот дувал до брзина од 105 километри на час. Невремето, според очевидците, почнало одненадеж.

Читайте на сайте