World News in Macedonian

Шефот на американското разузнавање не сакал да биде неучтив кон Трамп

Директорот на американското национално разузнавање Дан Коатс рече дека тој не сакал да биде неучтив кон претседателот на САД Доналд Трамп кога одговорил на вестите дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе ја посети Белата куќа. Во вчерашното соопштение на Коатс, кое следуваше откако американските медиуми јавија дека Трамп бил лут поради интервјуто на директорот на националното разузнавање дадено на безбедносен форум на Институтот Апсен во Колорадо на 19 јули.Како што јавија медиумите Коатс се смеел и на моменти изгледало како да го исмејува претседателот.


“Во некои медиумски јавувања погрешно беше карактеризирана мојата намера да одговорам на вонредните вести кои ми беа соопштени за време на интервјуто. Мојот навистина несмасен одговор не требаше да значи неучтивост или критикување на акциите на претседателот” се наведува во соопштението.


Во телевизиско интерву 75- годишниот Коатс рече дека посакувал Трамп да не се сретнел сам со Путин и изрази разочарување од тоа што претседателот јавно ги поткопал американските разунавачки агенции.


Додека зборуваше новинарката на МСНБЦ го информираше дека Трамп го поканил Путин во Вашингтон, на што Коатс возврати изгледајќи збунето: кажете уште еднаш, дали ве слушнав добро?

Читайте на сайте