World News in Macedonian

Самоубиствен бомбашки напад при пречекот на Достум во Кабул

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска во самоубиствен бомбашки напад на влезот на меѓународниот аерродром во Кабул загинале или се повредени најмалку десет лица. Нападот се случил додека стотици луѓе се собрле да го пречекаат потпретседателот Абдул Рашид Достам кој се враќа од егзил.


Достум, кој патувал во блиндирано возило не е повреден, соопшти неговиот портпарол. Тој се врати во Кабул по едногодишниот егзил во Турција во кој замина самоиницијативно по обвинувањата дека тој наредил киднапирањето и мачењето на еден од политичките противници во 2017 година.


Достум, кој е етнички лидер на Узбеците, беше на медицински третман во Турција и како што соопшти неговиот портпарол, сега се чувствувал добро и ќе продолжел со работа.

Читайте на сайте