World News in Macedonian

Генералштабот на Иран со порака до Трамп

Началникот на Генералштабот на иранската армија генерал Мохамед Багери денеска им порача на Соединетите Држави „да не го влечат лавот за опашката“ и дека ќе се соочат со сериозни, незамисливи последици доколку го нападнат Иран, јави новинската агенција ИРНА. Изјавата на Багери доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со невидени последици поради нивните чести закани кон САД. Односите меѓу двете земји се исклучително затегнати откако Трамп се повлече од Договорот за иранската нуклеарна програма, со кој Иранците се обврзаа да го замрзнат развојот на нуклеарно оружје, а за возврат добија олеснување на санкциите врз нивната нафтена индустрија. Трамп ја обвини администрацијата на неговиот претходник Барак Обама дека со овој договор значително ја подобрила финансиската состојба на Иран и и овозможила на оваа држава да учествува во војните во Сирија и Јемен.

Читайте на сайте