World News in Macedonian

Апликантите за грант за иновации мора да кажат дали се поврзани со носител на јавна функција

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, соопшти дека сите компании кои аплицирале за грантови на повикот од Фондот ќе бидат повикани во рок од 15 дена да се изјаснат дали во нивната сопственичка структура имаат поврзаност со носител на јавна функција.


„Проектите на фирмите што ќе декларираат такво нешто повторно ќе бидат разгледани од Комитетот за евалуација за утврдување евентуален конфликт на интереси“, рече Деспотовски.


Според него, ова е една од активностите што ги презема Фондот за иновации по реакциите во јавноста околу распределбата на грантовите со повикот на Фондот на кој аплицираа 235 компании, од кои за 160 е донесена позитивна одлука за доделување грантови, а за 30 за условено вложување. 


Деспотовски потенцираше дека сеуште не се склучени договорите со фирмите и не се исплатени планираните финансии. Да сакавме нешто да сокриеме ќе ги склучевме договорите, рече Деспотовски.

Читайте на сайте