World News in Macedonian

Гласање за составот ДИК вечер експресно во Собранието

Кабинетот на претседателот Талат Џафери потврдил дека вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, објави МИА.


Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција, на крајот на септември.


Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е утврден за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Читайте на сайте