World News in Macedonian

Исламската држава убила повеќе од сто луѓе во јужна Сирија

Исламската држава убила повеќе од сто луѓе во низа напади врз области под владина контрола во јужна Сирија, вклучително и во неколкуте самоубиствени бомбашки напади во градот Свеида, на околу 100 километри јужно од главниот град, Дамаск, информираат невладини организации и локалните власти.


Локалните здравствени власти велат дека загинале 96 луѓе, а 176 се ранети. Сириската опсерваторија за човекови права, пак, објави дека загинале 156 луѓе, меѓу нив и припадници на сириските безбедносни сили.Исламската држава соопшти дека убила над 100 луѓе.


Владините сили неодамна ја презедоа контролата врз областа која досега беше под контрола на бунтовниците и сега се обидуваат да ја исчистат од милитантите на Исламската држава.

Читайте на сайте