World News in Macedonian

Пожари во Калифорнија, евакуирани неколку илјади луѓе

Пожарот кој избувна завчера во јужна Калифорнија, ноќеска со голема брзина се проширил во повеќе области од јужниот дел на сојузната американска држава и зафатил површина од над 2000 хектари , јави АП.


Според информациите од локалните власти, пожарот кој се шири со голема брзина поради ветерот и високите температури, многу е веројатно дека го подметнал пироман. Противпожарните и спасувачките служби соопштија дека само ноќеска биле евакуирани над 3000 луѓе.


Во областите Риверсајд и Шаста, каде ситуацијата е најтешка,  прогласена е вонредна состојба. Уништени се голем број куќи, а со пожарот, кој оформил пламен ѕид, се борат 700 пожарникари.


Неколку пожари, иако со помал интензитет, има и на северот од  Калифорнија. Во округот Шаста пожарот зафатил околу 11 хектари, а според локалните власти, има и една жртва.


Гори и во околината на Сан Диего, поради што се евакуирани 200 луѓе.

Читайте на сайте