World News in Macedonian

Иванов оствари средба со романската премиерка Данчила

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила, по што двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог, информираат од прес службата на Претседателот. 


Оттаму соопштуваат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа. 


Иванов потенцирал дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент, а на средбата биле разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, се вели во соопштението.  

Читайте на сайте