World News in Macedonian

Новите членови на ДИК положија заклетва

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери.


Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател е Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.


Претседателот на Комисијата Дерковски изјави дека како Комисија,  почитувајќи ги законите и Уставот на Македонија, ќе постапат и ќе направат се што е во нивна надлежност за да успее организирањето на референдумот. 

Читайте на сайте