World News in Macedonian

Поморска несреќа во Црна Гора, двајца загинати

Две лица загинаа, а повеќемина се повредени во поморска несреќа што се случи во заливот Бока Которска, во близина на Луштице, соопштија локалните власти.


„Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица на кои имало 14 луѓе“, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан. 


Тоа е втора несреќа на море во Црна Гора во последните 10 дена.  Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, туристи од Словенија, при судар на туристичко бротче со т.н. водна банана прикачена на скутер, на која се возеа загинатите.

Читайте на сайте