World News in Macedonian

Грчката полиција приведе десетици мигранти со лажни документи

Грчката полиција за една седмица приведе десетици имигранти откако се обиделе да патуваат во други европски земји со лажни пасоши или лични карти. Вкупно 66 лица покажале лажни документи на аеродромите Хераклион, Ханија и Ситонија. Луѓето сакале да отпатуваат кон Германија, Франција и други земји во Централна и Западна Европа, објави грчката полиција денеска.


Агенцијата ДПА јавува дека полицијата често ги фаќа мигрантите со лажни документи за време на туристичката сезона во Грција, а оти трговците со луѓе развиваат бизнис со фалсификување на документи. 

Читайте на сайте