World News in Macedonian

Затворена Ајфеловата кула, вработените штрајкуваат

Ајфеловата кула, најголемата атракција во Париз, од вчера попладне е затворена поради штрајк на вработените, јавија западните новински агенции.


Вработените се жалат на долгите редови од туристи кои сакаат да се качат на 324 метри високата атракција и на лошата организација на посетите.  Управата на кулата и синдикатот не успеаа да постигнат договор во врска со новиот систем за пристап на туристите до кулата, кој, како што тврдат вработените, создава огромни редици.


Ајфеловата кула е затоворена вчера во 16 часот и не се знае дали штрајкот ќе продолжи и денес.

Читайте на сайте