World News in Macedonian

Македонски државјанин киднапиран и убиен во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти дека Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул, објави МИА.


„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела", изјави денеска портпаролот на началникот на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи, додавајќи дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.


Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.

Читайте на сайте