World News in Macedonian

Во Истанбул уапсена Бразилка со 600 грама кокаин во стомакот

Бразилка на 31-годишна возраст бил ауапсена на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ откако во нејзиниот стомак биле пронајдени 51 капсула со кокаин, со вкупна тежина од 600 грама, објави АП. 


Според аеродромската полиција, се работи за државјанка на Бразил, која во Истанбул допатувала од бразилскиот град Сао Паоло. 


Иако во нејзиниот багаж немало ништо сомнително, полицијата сепак ја испратила Бразилката на дополнителна контрола со магнетна резонанца во болница, при што е откриена дрогата во нејзиниот стомак. 


Веднаш потоа, жената била изведена пред Суд, кој ѝ одредил притвор до почеток на судскиот процес против неа под обвинение за шверц на дрога.

Читайте на сайте