World News in Macedonian

Сè повеќе Срби сакаат да ги напуштат Косовските безбеднсни сили

Министерот во косовската Влада Рустем Бериша изјави дека 51 српски припадник на Косовските безбедносни сили (КБС) од српска националност сакаат да ја напуштат таа организација, и таа цифра сведочи дека расте бројот на такви барања.


Во изјава за косовски медиуми, портпаролот на КБС, Ибрахим Шаља, ја потврди таа изјава на својот шеф.


„Може да ја потврдам таа изјава на министерот дека 51 припадник од српска националност сака да ги напушти КБС. Но, како информативна канцеларија велиме дека бројот на српски припадници кои поднеле барање на КБС е околу 50“, изјави тој, пренесе Танјуг. Шаља вели дека засега не е донесена никаква одлука за тие барања


 


 

Читайте на сайте