World News in Macedonian

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор во руското МНР

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва Андреас Фриганас.


Во соопштението на Министерството се наведува дека на амбасадорот му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“. 


Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на двајца други им забранија влез во Грција, под обвинение за обид за поткуп на официјални лица и за поттикнување протести против договорот за името со Македонија.

Читайте на сайте