World News in Macedonian

Мицкоски до 10 септември ќе го соопшти ставот за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе го соопшти ставот на партијата за претстојниот референдум, односно дали ќе го повика членството да го бојкотира или да излезе на гласање.


„Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува на принципот за промена на Уставот а со цел промена на уставното име“, истакна Мицкоски во интервју за Канал 5 ТВ.




 




 

Читайте на сайте