World News in Macedonian

Шпански борбен авион по грешка истрелал ракета во Естонија

Војската на Естонија соопшти дека трага по остатоците на ракетата која шпански борбен авион по грешка ја истрелал во текот на вежбата во таа балтичка држава, членка на НАТО. Војската наведе дека авион од типот „Јурофајтер“ на шпанските воздухопловни сили по грешка истрелал ракета воздух-воздух во јужниот дел на Естонија. Премиерот на Естонија Јири Ратас на Фејсбук овој инцидент го оцени како „исклучително загрижувачки“, но оти добро било што немало жртви.

Читайте на сайте