World News in Macedonian

Ирачкиот премиер Абади не се согласува со санкциите на САД врз Иран

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека не се согласува со повторното воведување на американските санкции врз Иран, додавајќи дека сепак ќе ги почитува со цел да ги заштити интересите на неговата земја. „Во принцип ние сме против санкции во регионот. Блокадите и санкциите ги уништуваат општествата и не ги слабеат режимите“, изјави тој на прес конференција во Багдад, наведувајќи дека санкциите врз Иран биле стратегиска грешка. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека на компаниите кои соработуваат со Техеран ќе им биде забрането да тргуваат на американскиот пазар.

Читайте на сайте