World News in Macedonian

Левица поднесе иницијатива за оценување на уставноста на одлуката за референдум

Партијата Левица денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието.


Според партијата, одлуката по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.


Левица бара Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум со ретроактивно правно дејство.


„Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот, да се произнесе. Во случај да не се произнесе, можно е постфестум да ги поништи резултатите, рече Димитар Апасиев од Левица. 


 

Читайте на сайте