World News in Macedonian

Активисти во Москва бараат ослободување на украинскиот режисер Сенцов

Голем банер, на кој се бара итно ослободување на украинскиот режисер Олег Сенцов кој штрајкува со град, како и на други политички затвореници во Русија, е прикажан во центарот на Москва.


Непознати активисти денеска го поставија банерот на Кримскиот мост преку реката Москва, на 87-ден од штрајкот со глад на Сенцов.


Адвокатот на Сенцов, Дмитриј Динзе, изјави дека откако го посетил неговиот клиент на 7 август, имал изгубено 30 килограми, нивото на хемоглобин му било многу ниско што резултирало со анемија и слабо отчукување на срцето со околу 40 отчукувања во минута.


Сенцов, кој е гласен противник на руската анексија на Крим во 2014 година, боше осуден во 2015 година за заговор за извршување на терористички дејствија, обвиненија за кои тој и групите за човекови права сметаат дека се политички мотивирани.

Читайте на сайте