World News in Macedonian

Во Грција се формира нова служба за управување со вонредни состојби

Грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита се укинува и ќе биде заменет со Националната служба за управување со вонредни состојби што ќе биде независна јавна служба која хиерархиски ќе биде под Министерството за внатрешни работи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, презентирајќи го новиот модел на цивилна заштита, по катастрофалните пожари во областа Атика што одзедоа над 90 човечки животи.


За формирање на оваа служба се одвоени 500 милиони евра, пари од Европскиот фонд за инвестиции, од Европскиот фонд за развој и од Националната програма за јавни инвестиции.


При презентација на новата служба, бил речено и дека грчки и странски професори, ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за катастрофалните пожари, но ќе изработи и истражување, за во иднина да се спречи нова ваква трагедија.

 




 

Читайте на сайте