World News in Macedonian

Обвинителството отвори предмет за јавните набавки во Министерството за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство, соопшти денеска Обвинителството. 


Оттаму наведуваат дека предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство.


„Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, велат од Обвинителството. 

Читайте на сайте