World News in Macedonian

Русија воведува забрана за увоз на праски од Македонија

Руското регулаторно тело за безбедност на храна соопшти дека Русија најави оти од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, објави Ројтерс.


Летово од Македонија во Русија беа извезени три милиони килограми праски, а оттаму поради сомнеж дека се заразени се вратени 120 илјади килограми. Регулаторот, како што пренесува Ројтерс, соопштил дека во српските праски и кајсии увезени од 13 јули била откриена габичката „Monilinia fructicola“. Според рускиот регулатор, таа габичка била пронајдена и во плодови од Македонија.


Руската амбасада во Скопје, за МИА потврди, дека според информациите објавени на интернет страницата на руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола „Роселкхознадзор“, воведена е привремена забрана за увоз на коскести овошја од Македонија, која што стапува на сила од 15 август, како и дека одлука за понатамошно постапување ќе биде донесена по завршување на истрагата на двата надлежни органи од Русија и Македонија.

Читайте на сайте