World News in Macedonian

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон. Тој рече дека САД економски не напаѓаат не само Турција, туку и Кина, Русија, Иран и Европа.


„Ја нападнаа дури и Канада, но, против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме американската електроника. Тие го имаат „Ајфон“, но постои и „Самсунг“, рече Ердоган.


Во исто време и турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ започна кампања за бојкот на американски реклами и фирми, а повик за бојкотот на американски производи вчера упати и најголемата турска телекоминикациска компанија „Турк Телеком“.


Односите меѓу Анката и Вашингтон се влошија откако САД двојно ги зголемија царините за увоз на челик и алуминиум од Турција и воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на приведувањето на американскиот пастор Ендрју Бронсон од страна на турските власти.

Читайте на сайте