World News in Macedonian

Четворица руски планинари во сериозна состојба по хеликоптерската несреќа

Руските власти соопштија дека четворица државјани на земјата се наоѓаат во критична состојба во болница во Душанбе откако вчера се урна хеликоптерот во кој се превезуваа во планината Памир во Таџикистан. Според нив, четворицата руски планинари кои ја преживеаја несреќата имаат сериозни повреди.


Во хеликоптерот имало 13 лица од Русија, еден од Белорусија и еден шпански планинар. Падот на хеликоптерот го преживеале и планинарите од Белорусија и Шпанија кои исто така се хоспитализирани. Таџикистанските власти соопштија дека причината за несреќата најверојатно се лошите временски услови.




 

Читайте на сайте