World News in Macedonian

Тачи побара од Меркел поддршка за признавање на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на Твитер ја поздрави изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека не треба да се менуваат границите во Западен Балкан. Тачи и некои српски политичари се залагаа за корекција на границата на Косово.


Тој порача дека сега очекува Меркел и Европската унија да ги убедат земјите кои не го признаваат Косово и Србија да го признаат Косово во границите кои ги има. Според него, што побргу се постигне тоа, толку подобро ќе биде за регионот.

Читайте на сайте